ЕДНАШ СВЕТ ИЗГРАДИВ​.​.​.

by CULTURE DEVELOPMENT

/
  •  

1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
03:02
10.

about

KRAN Records #013

credits

released December 11, 2015

tags

license

all rights reserved

about

KRAN RECORDS Kumanovo, Macedonia

contact / help

Contact KRAN RECORDS

Streaming and
Download help

Track Name: Скалите На Кеј
Полошо од било кога, извор на тага. Разговор со себе, за себе. Подобро утре, можеби задутре. Ги буткам морниците надвор од себе, тие соединети со мене. Најтемни сценарија уште пред сè да почне. Негативен поглед, за свое добро. Сонце кобно свети, нè дели уште пред да бидеме цели. Проголтував долго, се издадов сам себе на убав ден кој цел живот ќе го памтам, ко најлош. Гради полни тахикардии. Плачеше ти, сега плачам јас, нема причина за. Пробувам да се сетам кога последен пат бев среќен...? Кога ќе биде следен?
Track Name: Викаат Ќе Пројде
Викаат ќе пројде сè, ќе се кренеш каде што беше. Ќе бидеш среќен, ќе биде исто. Но, не е. Ништо од тебе. Најголемо и најболно од сите, ново разочарување. По навика, сè на хартија. Ќе стигнеме до тој том, ќе се врати мирниот сон. Повторно сам, како и секогаш. Те осеќам без да те видам, повеќе гледам кога мижам, што подалеку од тебе се движам. Размислувам за сите убави работи кои никогаш нема да ми се случат. Помрачен од било кога - да, знам. При последно себеиспитување, целосен мрак излезе. Зафатил голем дел, нема место за светлина, не ја собира. И тоа што остана пропаѓа. Секој ден потемнува, овенува, го снемува...
Track Name: Сам Против Себе
Сам со себе, сам против себе. Нели ќе беше секаде? Секаде со мене... Нема да оставеше! Ќе поправевме сè, ќе успеевме да бидеме, ќе се имавме. Сега на што личиме? Еден од друг, нашите гневови се удираат, уште толку се оштетуваат. Се возбудуваат. Агресија, вид на омраза. Да истераш пат без да повредиш. Не верувам, без успех во старт. Само биди тука, повреди ме пак. Ќе издржам, станав многу јак! Верувај! Само биди тука.
Track Name: Простор
Простор ограничен од мене и тебе. Стоиме во него еден до друг, еден од друг. Но, човек е борец за погоре, за заедно. Те наоѓам во песна. Мирот ми е во немир. Причини зошто, повеќе зошто не. Заклучен во себе поради тебе. Внатре подобро не е, не е ни исто. Ден плус, мизерен, како преживување. Ќе заспиеш, ќе се разбудиш сам, пак. И, џабе си ја мачам плуќата, ни тоа не помага. Само поголема заблуда која во сама по себе одвратна ситуација не е потребна. Нови и поубави сценарија преполнети со среќа. Но, сурова реалност, силно плеска.
Track Name: Убиј Ме. Дотепај Ме.
И после сè, очекував дека ќе заврши вака. Тепајќи го времето, во твое присуство. Колнејќи ги своите очи и својата глава, поради таа одлука која ја нарекував права. Убиј ме. Дотепај ме! Би било фино да осетам нешто искрено од тебе. Изгази ме и удри со цела сила. Да се вратиме на почеток од нула. Но, никогаш пак да не биде вака. Со свој камен по своја глава. Со цело срце насочено кон тебе.
Track Name: Искрено
Почеток на грозен крај. Да немаш кому, да немаш кого. Далеку од мене подобро ти е тебе. Човек умира, умирам и јас. Утро по утро, помала волја од вчера. Зошто би се разбудил? Ист број денови, само сменивме улоги. Чекаше ти, сега чекам јас. Чекаш некој да ти се врати. Ти не се враќаш за мене, ти не се враќаш кај мене. Делиме еден ист град. На крај, тој нè подели нас. На крај, не постои нас. Постои само во моја глава. Длабоко врежан без желба за надвор. Збор од кој никогаш нема да видам мир, ќе си поседи, ќе го види мојот крај. Задоволна насмевка на негово лице по добро завршена работа. Моја пропаст, мој пад, мојот гнев кон тебе и кон овој град. Ќе го види процесот на станување најголем гад. За жал...
Track Name: Надеж Или Утеха
Би бил, би си олеснил. Би сакал, би бил нормален. Макар лажни погледи, макар изгубени. Да станат искрени, пат некому да подариш, размисли. Еднаш свет изградив, сакав да го споделам. Налетав на ѕид, го срушив, падна врз мене, ме искрши. Светот ми го уништи! Крај. И надвор и внатре, кон себе со залет. Квази стабилен карактер, склон да падне. Викам, никој не ме слуша.
Track Name: Пар Улици
Стаклен карактер, ко мојот. Тој лесно се крши и лесно пука. Би било фино да се мисли и на нешто друго, би било фино да се случи нешто. Би било супер да излезеш од глава - и ти, и сè поврзано со тебе. Пар улици, наши. Само би тонеле сè повеќе, сами, несреќни, удавени. Редовите прочитани по сто пати. Научени на памет. Би сакал да ги заборавам сега и да почнам од старт. Приказна по приказна... Варијанти на добро, подобро, лошо и полошо. Расправија сам со себе, а ниту еден од двајцата не тепал. Нова лага произлезена од своја глава. Непотребна лага ради која сам себе во полоша ситуација се ставаш. Ново нешто кое те држи за рака. Ти дава надеж, а во исто време ти се смее и ти укажува дека никој не те терал пак да постапиш така.
Track Name: Март
Болка разболе човек. Да гушнеш мирис кој не знаеш кога ќе го осетиш пак. Спремен во борба да одиш до крај, неколку зборови ќе те утепаат. А, борба започнав сам, против сите, против тебе. Борба која послаб човек направи од мене. Очи кон себе и приказна која никој не е должен да ја слуша. Нанесен директен удар врз искрена душа. Денови во магла, поглед не гледа ново утре, плуќа плаче за воздух. А, сè ќе помине, ќе успееме, ќе научиме како да спиеме. Најубавиот човек што го познавам не успеав да го задржам. Реков, никогаш нема да баталам, здравје не издржа. Младост во прашање, младоста со последниот мирис при взаемно упивање си отиде. Барем освен дупка и мирисот засекогаш ќе остане. А, исто ни мирисаа душите. Веќе не!
Track Name: До Следен Пат...
Што е живот ако го живееш во страв, очи да не потфрлат и да не те видам пак? До следен пат...